Печати

На 18 Септември 2018 година во организација на Американската амбасада во Република Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија беше организирана крводарителска акција.
Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија како и претходните години земаа активно учество во добротворната акција за дарување на крв и допринесоа  во збогатувањето на крвните единици во клиниката  за транфузиологија кои во некои моменти живот значат.