Печати

На ден 06.06.2018 година Дирекцијата за радијациона сигурност прими донација од  Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република  Македонија преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS),  која се состои од лаптоп комјутери и систем за озвучување.
Донираната опрема  ќе биде инсталирана во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност .
Дирекцијата за радијациона сигурност изрази голема благодарност  до Американската амбасада, за оваа  и за претходните донации што ги додели Владата на Соединетите Американски Држави преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS),  бидејќи се од огромна важност за непречено функционирање на Дирекцијата за радијациона сигурност.