Во февруари 2018 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност, предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ, учествуваше во работна посета на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Агенцијата за заштита на природата и животната средина, којашто е регулаторното тело во Црна Гора од областа на заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.
Посетата беше во рамки на Меморандумот за соработка што го имаат потпишано двете земји.
Целта на посетата беше запознавање со активностите во решавањето на проблемот на управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори во Црна Гора.Посебно внимание беше посветено на легислативата и регулативата за сигурно и безбедно управување со радиоактивен оптад во Црна Гора, информирање на населението за потребата од решавање на проблемот на сигурно и безбедно управување со радиоактивен отпад, постапката за лиценцирање на национален склад за радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори, како и за процедурите за инспекција на национален склад за радиоактивен отпад. Беа дискутирани и области за идна соработка помеѓу двете земји и зајакнување на националните капацитети за радијациона и нуклеарна сигурност и безбедност во двете земји.

 

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25