Печати

На 14 декември 2017 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ учествуваше во работна посета на регулаторното тело на Косово, Агенција за радијациона заштита и нуклеарна сигурност со цел воспоставување на билатералната соработка преку потпишување на Меморандум за разбирање. Преку потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Македонија и  Агенција за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Косово ќе се придонесе во зајакнување на соработката помеѓу двете регулаторни тела на полето на борбата против нелегалната трговија и постапување во случај на вонредни настани.