Печати

На 16 Септември 2015 година, двајца преставници од Дирекцијата за радијациона сигурностБилјана Атанасовска и Кабир Асани, учествуваа на 59-та  Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, Австрија.
На Конференцијата учествуваа високи претставници од земјите членки на МААЕ и беа опфатени повеќе теми: зајакнување на активностите на Агенцијата во врска со нуклеарната безбедност и сигурност, технологија и апликации, мерки за зајакнување на меѓународната соработка во нуклеарната област, транспорт и безбедност на отпад.
На Конференцијата зеде учество амбасадорот Кире Илиоски и изјави дека Дирекцијата за радијациона сигурност со помош на МААЕ  успеа да постигне напредок во изградбата на националните капацитети за ефективна заштита од радијација и нуклеарна безбедност.