Во периодот 24-25 мај 2018 година во Брисел, Белгија се одржа завршен состанок во рамките на ИПА проектот  „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.
На состанокот присуствуваа претставници на сите држави кои учествуваа во рамките на проектот. Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија беа директорот на дирекцијата г-дин Светислав Ѓорѓевиќ и Билјана Георгиевска-Димитриевски од Одделението за правни и општи работи, меѓународна соработка и европски интеграции на Дирекцијата за радијациона сигурност. На состанокот беа презентирани резултатите кои се постигнати во однос на секоја задача и секоја држава поединечно во рамките на проектот.  
Спроведувањето на проектот започна на 01 јули 2015 година и траеше 36 месеци.  Активностите во проектот беа поделени во задачи согласно потребите и интересот на државите учеснички. Во однос на  Република Македонија во рамките на проектот е обезбедена подршка во понатамошното транспонирање на ЕУ законодавството во националното законодавство во областа на радијационата и нуклеарната сигурност, воведувањето на системот за управување со квалитет во Дирекцијата, изготвување на процедури во рамките на системот за управување со квалитет, подобрување на програмите за обука на вработените во Дирекцијата, подобрување на системот за информирање на населението од страна на Дирекцијата,  подобрување на процедури за обезбедување на квалитет и контрола на квалитет на медицински уреди кои генерираат јонизирачко зрачење QA/QC, подобрување на протоколите за дијагностичка и интервентна радиологија и обука .

 

Duty Phone

Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25