Events
- Details
- Category: Учество на настани
Во периодот од 23 до 25 март 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа курс за Физичка заштита и управување со безбедноста на радиоактивните извори организиран од Pacific Northwest National Laboratory, USA, на кој учествуваа претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност. На курсот беа опфатени повеќе теми:
- Радиоактивни извори и нивна примена
- Категоризација на радиоактивни извори
- Последици на злонамерната употреба на радиоактивни извори
- Кодекс на однесување на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ);
- Препознавање на најдобрите меѓународни практики
- Разбирање и проценување на заканата
- Препознавање, анализа и управување со ризик
- Принципи на физичка заштита
- Опрема за физичка заштита
- Водич на МААЕ за спроведување на безбедноста на радиоактивните извориЧ
- Утврдување регулаторни барања
- Дизајнирање систем за физичка заштита во согласност со нормативните регулативи
- Дизајнирање систем за физичка заштита во согласност со регулативите базирани на
изведбата
- Управување со безбедноста: Вклучување на сите елементи
- Безбедносна култура
На курсот беа спроведени повеќе практични вежби и беа разменети искуства со колеги од Босна и Херцеговина и со предавачите од САД.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25